На адресата на ФГСМ , пристигна благодарност од КГС - Партизан Кочани ,која во целост ви ја пренесуваме, а повод е неодамнешното инсталирање на гимнастички справи во овој гимнастички клуб.Исто така ви презентираме и исечок (кој можете да го ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА ) од локалните печатени медиуми , кои ја пренесоа оваа вест , како доста благодарен чин за спортот во Кочани.
При неодамнешната посета на Охрид , Принцот Газанфар Али Кан и принцезата Атика Рани, од народот Хунзи, имаа можност да бидат гости на претседателот на Федерацијата на гимнастички спортови на Македонија, г-нот Љупчо Арнаудов, кој како домаќин на бродот Christina Royal, им овозможи една прекрасна прошетка по Охридското езеро , и тоа од самото пристаниште , па низ околните плажи , па до македонскиотSt. Tropez,Трпејца , со тоа преставувајќи им ги убавините на Охридското езеро.
Во изминатиов период, Претседателот на
Федерацијата на гимнастички спортови на Македонија (ФГСМ), господинот Љупчо
Арнаудов оствари повеќе средби со челните луѓе на повеќе федерации. По
неодамнешната посета на Претседателот на Бугарската гимнастичка федерација,
господинот Никола Проданов, во посета на Македонија дојде и Претседателот на
Албанската гимнастичка федерација, господинот Флобенс Дилавери. Во текот на
посетата двајцата претседатели разговараа на повеќе различни теми, меѓу кои
изборите во ФИГ следната година, а ги разгледаат и проблемите со кои се
среќаваат двете гимнастички федерации, како и можностите за меѓусебно помагање.
Федерацијата на Гимнастички спортови на Македонија , продолжува со својата програма зацртана уште во 2006 година , да секој гимнастички клуб биде опремен со лиценцирани гимнастички справи со цел , поголем развој на гимнастиката во Македонија.
КГС Партизан Битола , конечно во ново руво .Старата "СОКОЛАНА" ,која важи за една од поубавите зданија во Битола , со текот на времето си го одзеде приматот на убавица во Битолскиот парк.Но сега повторно си го врати сјајот , и тоа благодарение на престедателот на Клубот за гимнастички спортови - Партизан од Битола, г-нот Љупчо Арнаудов, кој со свои средства се реши , сета ова слика да остане заборав.Да се напомене дека во овој клуб се наоѓа и седиштето на Федерацијата на гимнастички спортови на Македонија.
Почитуван
претседателе на УЕГ, г-дине Димитропулос
Ја
добивме Вашата помош и во овој момент од името на ФГСМ и мое лично име Ви
заблагодарувам и се надевам дека ќе ја оправдаме Вашата доверба кон нашата
гимнастика.
Исто
така, се надевам дека ќе не посетите и одблизу ќе се запознаете со условите за
работа во Федерацијата за гиманастички спортови на Македонија, со седиште во
Битола.
Голема
благодарност до сите Вас што придонесовте за прв пат во Македонија да имаме
справи донирани од УЕГ.
Благодарност уште еднаш
г-дин Љупчо Арнаудов,Претседател
на ФГСМ
Dear President of UEG,
Mr. Dimitropoulos
We got your donation
and in this moment we would like to thank you from the name of Macedonian Gymnastics
Federation and from my personal name and we hope that with this new equipment
our Federation will make a big success.
Also, we hope so that
you will come and visit us and recognize closely with work conditions in our
Federation.
For the first time,
Macedonian Gymnastics Federation has got equipment donated by UEG.
Во организација на ФГСМ се одржаа
натпреварите во Пионерски повеќебој, во терминoт од 17.06.2007 год., до
23.06.2007 год., во КРЦ Партизан Стар Дојран.
На овие натпревари зедоа учество 7
клубови – друштва и тоа КГС Партизан Кавадарци, КГС Партизан Битола, ДГС
Ѓ.Петров, КГС Партизан Гевгелија, КГС Партизан Струмица, КГС Партизан Прилеп и
КСРГ Партизан Н.Н Борче.
Во организација на Федерацијата на гимнастички спортови
на РМ,во Саботата,во салата на КГС„Партизан“Битола се одржа Првиот Државен
натпревар во спортска гимнастига за А-лига,во сите категории во машка и женска
конкуренција.На Натпреварот учество зедоа над 50 натпреварувачи од кои 22 машки
и 30 женски,од 7 клубови во РМ.
На 19.04.2008 во Турција се одржа средба на Балканската Гимнастичка Федерација , на која учествуваа престедателите на Гимнастичките Федерации на Романија, Турција, Молдавија Узбекистан, Бугарија, Грција, Србија, Албанија...На оваа средба присуствуваше и претседателот на ФГСМ г-нот Љупчо Арнаудов.
Во организација на ФГСМ и
КГС„Партизан“Прилеп во саботата на 19.04.2008
во градот под Марковите кули се
одржа Првата гимнастичка манифестација за оваа година.
На квалификациониот натпревар за
А-лигата и на државното првенство за Б-лига учествуваа 180 натпреварувачи од
повеќето клубови низ земјава.
Натпреварот се одржа во Спортската
сала „Тутунски комбинат“-Прилеп,во пристуство на повеќе илјадиљубители на гимнастичкиот спорт.
Присутните и гимнастичарите ги
поздрави градоначалникот на Прилеп Г-н Марјан Ристевски,претседателот на
КГС„Партизан“ Прилеп Валентин Ангелески,а во отсуство на актуелниот претседател
на ФГСМ Љупчо Арнаудов кој истовремено присуствуваше на состанок на балканската
гимнастичка елита во Истанбул,натпреварот за отворен го прогласи Благоја
Каров ,потпретседател на ФГСМ.
ФГСМ и понатаму ги доопремува гимнастичките клубови.Имено им се соопштува на сите клубови дека по пројавениот интерес за спортски костими(тренерки), ФГСМ вложи напори да клубовите се опремат со истите.Оние клубови кои имаат оставено број на свои учесници од А лигата се молат да ги подигнат тренерките во канцеларијата на ФГСМ
За учество на натпревари во женска и машка спортска гимнастика
Согласно одлуката на Техничкиот комитет и олуката на Извршниот одбор
на Федерацијата на гимнастичките спортови на Македонија ,со кои е
усвоен Системот на натпревари во организација на Федерацијата ,во
календарската 2008 година ќе се одржат вкупно четири гимнастички
натпревари за машка и женска спортска гимнастика,од кои
1квалификационен воедно и за Б-лига ,2 за А-лига и 1 за Б-лига.
Право на настап на натпреварите во машка и женска спортска гимнастика имаат следните категории и возраст на натпреварувачи/ки: